Петар Печков
Објавено: вторник, 06 ноември 2012
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Ж.(37) од Велес, наставник по физичко воспитание во ОУ „Блаже Коневски“- Велес за сторени две кривични дела „затајување“ и едно кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на септември и октомври 2012 година, во ОУ „Блаже Коневски“ во Велес, откако двајца ученици во соблекувалната од спортската сала заборавиле златни синџирчиња со приврзоци, истите биле пронајдени и предадени на пријавениот, кој ги земал и наместо да ги пријави, протиправно ги присвоил, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 35.000 денари. Кога од страна на еден од учениците му било побарано златното синџирче, истиот негирал дека истото е пронајдено.
Tweet |